Бундес лига: Нирнберг и Мајнц одиграа без победник

Екипите на Нирнберг и Мајнц одиграа без победник 1:1 во воведниот натпревар од 15.коло во фудбалскиот шампионат на Германија.

На средбата одиграна синоќа во Нирнберг, домаќините иако уште во 5-та минута поведоа со голот на Швеѓанецот, Пер Нилсон, сепак не успеаја да ја сочуваат предноста.

Мајнц на македонскиот репрезентативец Николче Новевски кој го одигра целиот натпревар, до израмнувањето стигна во 75-минута со голот на Јапонецот,  Шињи Оказакаи.

Денеска ќе бидат одиграни вкупно шест натпревари.

Во Бремен кај Вердер гостува шампионот и лидер на табелата Баерн Минхен, а на останатите средби до 15 часот и 30 минути ќе играат: Штутгарт – Хановер, Хамбургер – Аугсбург, Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах – Шалке.

Дербито на ова коло ќе се игра во Дортмунд од 18 часот и 30 минути каде на Борусија и гостува второпласираниот Баер Леверкузен.

Во двата неделни натпревари ќе се сретнат, Фрајбург – Волфсбург и Брауншваиг – Херта.

Табела:  Баерн Минхен 38 бодови, Баер Леверкузен 34, Борусија Дортмунд 31, Борусија Менхенгладбах 28, Шалке 24.

Најчитани вести