Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ купила луксузен стан на Копаоник во кој ќе може да се всели од 1 јануари. Имено, таа во зимските денови често е на Копаник, како за одмор, но и заради сезоната и работата, односно настапите.
Пејачката претходно престојувала во луксузни хотели и апартмани на Копаоник, а за да има целосен комфор, Цеца решила да купи имот во оваа зимска бајка, пишува „Блиц“.
Цеца одамна планирала за себе и за своите најблиски да обезбеди стан на Копаоник, а пред настапот на 1 јануари следната година ќе ужива во топлината на својот дом на популарната туристичка локација, која неодамна ја купи.
Во истата зграда каде Цеца го купила станот, порано престојувал и најдобриот – Новак Ѓоковиќ.
извор: telegraf.rs


