Цеца Ражнатовиќ одби да ја сними дуетската песна „Инфаркт душе“ со Слоба Радановиќ, а сега откри дали причината за тоа е што не и се допаднала песната.
– Не, не, нашите планови не се поклопија и само тоа е во прашање. Инаку, јас многу го почитувам и ценам Слоба и приватно сме добри пријатели, само што не ни се поклопија датумите – истакна Цеца за ГрандОнлајн.
Да потсетиме, Дара Бубамара влезе во клинч за песна напишана од Марина Туцаковиќ, кога пејачката откри дека споменатата композиција Радановиќ и ја понудил на Цеца Ражнатовиќ пред нејзино објавување, пишува српски Информер.


