Цеца се огласи по тврдењата дека Анастасија е бремена „Како мајка би“…

Пејачката се осврна на гласините дека во нивното семејство наводно доаѓа уште еден член.

Во последните неколку дена се шпекулира дека Анастасија Ражнатовиќ наводно е во благословена состојба.

Сега на оваа тема проговори нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ. Таа пред почетокот на снимањето на емисијата „Никогаш не е доцна“ разговараше со новинарите на оваа тема.

– Озборувања! Претпоставувам дека како мајка прва би дознала дека е бремена… – низ насмевка одговори Цеца.

Цеца потоа се осврна на љубовта на Вељко Ражнатовиќ кон животните.

– Неговиот татко многу ги сакаше животните и мислам дека таа љубов ја наследи од него, особено кон кучињата. Човекот чуваше тигар, хаха, што да ви кажам… – рече Цеца.

Таа истакна дека нема домашно милениче.

– Богдана има малтезер, сестра ми Померанец, јас немам. Тоа бара грижа, јас немам време. А, сега, јас да ги земам животните, а да ги чува некој друг и животното да страда, не ми паѓа на памет. Имам внуци се насмеа Цеца а објави Србија данас.

Најчитани вести