Цените на нафтата пораснаа, а акциите на берзите паднаа поради стравувањата за примирјето меѓу САД и Иран, откако Израел започна големо бомбардирање на Либан.
Стравувањата дека примирјето може да се пропадне додека суровата нафта останува заглавена во Ормускиот Теснец доведоа до скок на нафтата од Западен Тексас за 2,8 отсто, откако вчера падна за повеќе од 16 проценти. Суровата нафта „брент“ порасна за повеќе од два отсто на 96,70 долари по падот од 13 проценти.
Цените на нафтата остануваат далеку повисоки отколку што беа пред почетокот на војната на 28 февруари.
Главните азиски пазари паднаа и во раното тргување во Азија, Токио, Хонг Конг, Шангај, Сиднеј, Сингапур, Сеул и Тајпеј сите беа намалени.
Јапонскиот индекс „Никеи 225“ се намали за 0,5 отсто, додека „коспи“ во Јужна Кореја падна за 1,2 проценти.
Златото се намали на 4 712 долари за унца.
Извор – 360степени


