Чајот од босилек се користи за ублажување на инфекции и воспалителни процеси во организмот затоа што е богат со витамини А, К, Ц и Б6; а од минерали содржи магнезиум, манган, калиум и железо. Чајот од босилек навистина има многу лековити ефекти, од кои најважни се: против болки во мускулите спречување на болести на органите за варење кај проблеми со бубрезите, мочниот меур и уринарниот систем против несоница и хроничен замор, главоболки настинки, грип, бронхитис, астма во случај на проблеми со кожни болести спречува разни инфекции.
Чај од босилек против кашлица
Чајот од босилек е погоден за проблеми со респираторни ограничувања, кашлица и исфрлање на слузта. Воспалението на органите за дишење доведува до кашлица, која често може да биде постојана и непријатна. Затоа чајот од босилек ја смирува кашлицата и постепено, со редовна употреба на чајот, кашлицата престанува.
Чај од босилек за синуси – инхалација
Чајот од босилек успешно се користи за инхалација на следниов начин: Во литар врела вода ставете две лажици сув босилек и оставете го да отстои покриено 5 минути. После тоа, започнете со вдишување така што ќе го ставите лицето над садот за чај, ќе ја покриете главата со крпа и ќе вдишете длабоко.
Возрасните можат да вдишат неколку минути, а децата само 2-3 минути. Доволно е да се повтори постапката 2 пати во текот на денот.


