Со пресврт во второто полувреме екипата на Челзи го скрши отпорот на Саутемптон кој на „Стемфорд Бриџ“ цели 55 минути имаше водство против фаворизираниот противник. По победата од 3:1 „сините“ од Лондон се вратија на втората позиција на табелата.
За разлика од Челзи, тимот на Манчестер Сити во вториот вечерашен натпревар со кој се комплетира 13.коло на Премиер лигата, одигра сигурно и славеше убедливо со 3:0 против Свонси.
На другите два денешни натпревара: Тотенхем – Манчестер Јунајтед 2:2 и Хал Сити – Ливерпул 3:1.
Резултати на натпревари од 13.коло во Премиер лигата одиграни вчера: Астон Вила – Сандерленд 0:0, Кардиф Сити – Арсенал 0:3, Евертон – Стоук 4:0, Норвич – Кристал Палас 1:0, Вест Хем – Фулам 3:0 и Њукасл – Вест Бромвич Албион 2:1.
Табела: Арсенал 31 бод, Челзи 27, Манчестер Сити 25, Ливерпул 24, Евертон 24, Њукасл 23, Саутемптон 22, Манчестер Јунајтед 22,


