Четириесет дена да се плашиш да сретнеш комшија, пријател, сограѓанин кој го изгуби најблиското, што да му кажеш, има ли збор со кој што ќе ја намалиш неговата болка, НЕМА

Заврши и четириесетиот ден од најцрните четириесет дена во историјата на Кочани. Четириесет дена во кои заедно со најблиските на настраданите во дискотеката Пулс тагуваа граѓаните на Кочани. Замислете четириесет дена да се плашиш да сретнеш комшија, пријател. другар, сограѓанин кој го изгуби најблиското, што да му кажеш на средбата, има ли збор со кој што ќе ја намалиш неговата болка, НЕМА. Ластарите не станаа гранчиња од кои ќе се размножеа нови гранки, пупките не се расцветаа, но остана тагата во нашите души во нашите срца. Знам и уверен сум дека одозгора нашите Ангелчиња не гледаат и се прашуваат, зошто ние, зошто потфрли системот, кој е виновен за ова? Сите сме виновни, згрешивме сите, и јас, и ти и тој, и таа сите ние кои повеќе од три децении како луди трчавме на кутиите да гласаме за некого. За кого сме гласале? за оние ли што го создадоа овој трул и корумпиран систем, за кого сме гласале. Сега со ладни глави треба да сфатиме дека сме ги гласале ПОГРЕШНИТЕ. Нека ни простат нашите Ангелчиња што сме им сервирале таков систем. Се надевам дека повеќе нема да грешиме, ќе ги чуваме во нашите срца сите 62 млади личности кои заминаа, заминаа зошто некој не си ја завршил претходно работата за која сите сме го плаќале. ВЕЧНА ВИ СЛАВА НАШИ ДЕЧИЊА, Беше чест и привилегија за мене што бевте мои сограѓани, што со мене сите живеевме во оваа мала но прекрасна МАКЕДОНИЈА.

Фејсбук статус на Славчо Ивановски

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести