„Четвртак у 9“ – стендап фестивал во Куманово

Од вторник до четврток ќе се одржи првиот стендап фестивал „Четвртак у 9“ во Куманово. Настанот ќе собере стендап комичари од целата држава кои ќе се претстават со своите најдобри содржини, а ќе се одржи на две локации во Куманово.

„Сите промени, нови почетоци, диети, животни прашања почнуваат од понеделник, но ние почнуваме од вторник на 4-ти јуни во Касапскиот Круг. Иако ова е почеток на ваков фестивал ќе се погрижиме да стане традиција во овој град. „Четвртак у 9“ е терминот во кој колективот „Кабаре Кабает“ ќе ги врати насмевките на кумановци“, велат од Здружението „Арт-Манија“.

Првата вечер ќе се одржи во Касапски круг, а ќе ја отворат комичарите Тино и Атанас, Мирослав Петковиќ и Зоран Донев. Втората и третата вечер ќе се одржат во „Јард“ со Изабела Пан и Надица Петрова, како и настап на вокално-инструменталниот состав Кабаре Кабает. На затворањето на 6 јуни ќе настапат Бојан Кирковски, Чедомир Митевски и Никола Тодороски.

Фестивалот е во организација на здружението Арт-Манија и колективот „Кабаре Кабает“.

Повеќе информации за настанот на следниот линк: https://www.facebook.com/events/s/stand-up-фестивал-четвртак-у-9/947682087365901/

Најчитани вести