Чисти етнички политички партии со валкан долен веш се во исчезнување. Ова се последни издувувања на криминалот зад национализам. Македонецот доцни во се, како и секогаш. Иднината на Македонија е во здрава економска програма, владеење на право, еднаквост пред закони, еднакви можности и шанси и солидно образование. Ова им е последен претсмртен крик на националистички ориентирани и чисти етнички партии, кои постојат како заштитен механизам за правење криминал. Тоа го знаат и Албанците и Македонците и останатите граѓани со различна етничка припадност и оттаму тензијата. Сите сакаат подобра плата, добро работно место, пристоен живот. Идат нови генерации кои ќе ви го помножат национализмот на сите до еден со нула. До преку таквото сте им!
Фејсбук статус на Синоличка Трпкова


