Поголема група навивачи на Пелистер, т.н. Чкембари, вечерва околу 20 часот се симнале од возот со кој се враќале за Битола по завршувањето на натпреварот против Вардар и почнале да кршат што им се нашло на пат. Возот застанал во скопската населба Лисиче па Чкембарите излегле и со разни предмети почнале да фрлаат кон паркираните возила на улицата Мите Богоевски и на булевар Србија, при што оштетиле неколку приватни автомобили и неколку куќи.


