Чулев одговори на обвинувањата на СДСМ: Доколку моите обвинувања се неточни, тоа да го докажат судските органи

„Денешните неточни обвинувања објавени за мене од страна на политичката партија СДСМ, само уште еднаш ја покажуваат нервозата во нивните редови за милионскиот скандал кој го објавивме вчера и денес, а која говори за милионски договор склучен во име на Министерството за внатрешни работи, со фирма блиска до нив“, напиша на својот профил на Фејсбук, Наќе Чулев од ВМРО ДПМНЕ.

Тој тврди дека Обвинувањата за неговата наводна инволвираност во кумановските настани се груба невистина и манипулација со јавност.

„Доколку тоа навистина е така до сега сигурно ќе бев неколку пати душмански приведен од партиските послушници на Оливер Спасовски во редовите на полицијата и безбедносните служби. Во целокупната моја професионална кариера сум го давал максимумот за одбрана на безбедноста, територијалниот интегритет и уставниот поредок на мојата татковина Македонија“, напиша Чулев и додаде дека доколку неговиот денешен и вчерашен прес се неточни, тоа да се докаже преку судските органи.

„Јавноста гледа и е свесна дека станува збор само уште еден од низата случаи во кој „се фатени живи“ правејќи милионски зделки на грбот на полицијата и на товар на граѓаните“, истакна Чулев.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести