Дадилката која го залуде Џастин Бибер преку ноќ стана ѕвезда на Инстаграм

Потрагата по неа траеше неколку дена. Кога ја забележал канадскиот пејач Џастин Бибер (22), целиот нејзин свет се променил и за кратко време од целосна анонимка таа стана ѕвезда на социјалните мрежи.

Младата убавица е 17-годишната Синди Кимберли која живее во Коста Бланка во шпанија. Таа има многу популарен профил на Инстаграм и се сокрива под името „WolfieCindy“, а инаку е дадилка во слободно време и заработува по 4 долари на час за чување на деца.

Нејзниот свет се променил кога канадската ѕвезда со своите 47,5 милиони следбеници на Инстаграм сподели нејзина фотографија и се запраша „која е таа“ .

 

Младата убавица се огласи и на Инстаграм: „Не знам како да се носам со сето ова, но освен ако не е на мојот Инстаграм или на Тамблр, се друго е лажно за мене“ – порачала Синди за која многумина сметаат дека неверојатно потсетува на руската манекенка Ирина Шајек.

dadilka

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести