Сите сакаме нашата спална соба и кревет да изгледаат добро, но она што е навистина важно е тие да бидат удобни. Верувале или не, нијансите на постелнината и како тоа можат да влијаат на нашето расположение, пишува Србијаданас.
Многумина од нас сакаат снежно бели чаршафи, а совет е да ги избегнувате. Алекс Савеј е инструктор за здрав сон и вели дека белите чаршафи изгледаат чисти, но спалната соба изгледа стерилно.
– Многу е подобро да изберете беж нијанса, бидејќи пресветлата бела го стимулира мозокот – објаснува Алекс и додава дека е премногу слична на дневната светлина, па дури може да го намали нивото на мелатонин, хормон кој влијае на здрав сон.
Алекс не е сам во овој начин на размислување, згора на тоа, дури и дизајнерите на ентериер сметаат дека белата боја е лош избор за постелнина. Тие веруваат дека е подобро да се изберат понежни нијанси како сината, бидејќи тоа има терапевтски ефект врз нас. Но и во тој случај избегнувајте посветли нијанси.
Црвените, кафеавите и црните бои треба да се избегнуваат и кога станува збор за постелнината. Првата боја би можела да предизвика лутина и агресија, кои не се баш такви чувства што ги сакаме пред спиење. Од друга страна, кафеавата боја делува депресивно, а исто е и со црната, која во собата остава впечаток на сериозност, па дури и тага.
Идеални бои за постелнина се сива, песок боја, нежни нијанси на сина или розова, како и мирни тонови на зелена боја.


