Едноставна навика која вклучува пиење вода наутро, по будењето, е одлична за здравјето. Доколку сакате блескав тен, добро варење и витални органи, во моментот кога ќе се разбудите, првото нешто што треба да направите е да испиете чаша вода, истакнуваат експертите. Ова е познато како јапонска терапија со вода и е исклучително ефикасна во спречување на разни болести и здравствени состојби како што се: артритис, колитис, мигрена, намалување на болката, болка во градите, елиминирање на лошиот холестерол и висок крвен притисок.
Кога ќе се разбудите треба да испиете 650 мл вода веднаш по будењето. 45 минути откако ќе се напиете вода, започнете ја вашата дневна рутина – појадувајте, па дури потоа испијте кафе, доколку телото „го побара тоа“.
Експертите од Беркли советуваат да пиете најмалку 1 чаша вода пред секој оброк и да не пиете ништо 2 часа по оброкот. На овој начин драстично ќе го подобрите вашето здравје, тврдат тие.

Запомнете, телото природно губи вода секој ден преку нормални процеси како што се мокрење, потење, па дури и дишење. Некои фактори, како што се физичката активност, топлината или одредени лекови, може дури и да го забрзаат губењето на течности. Но, без оглед на вашите посебни потреби за вода, едно е сигурно – мора да ја пиете секој ден.
Додека спиете, не е можно да пиете вода, а вашето тело ќе продолжи да користи и губи течности во текот на ноќта без да се надополнува. Во оваа смисла, пиењето вода кога ќе се разбудите наутро е дефинитивно многу корисно за вашето здравје.


