Минатата година во рамките на кампањата “Стоп на насилството врз жената” многу наши јавни личности, спортисти, актери по билбордите и на екраните тврдеа дека не би удриле жена, дека тоа е кукавички чин , срамно, недолично за еден маж,човек и слично.Не знам колку пари чинеше тој проект, ама овие денови се покажа дека во Македонија тоа е фрлање пари, исто како парите дадени за палмите што се исушија. Кога гледам и читам што и се случуваше на Радмила Шеќеринска во парламентот не можам да не помислам, каков дебакал се покажа во праксата оваа кампања! Уште повеќе ме загрижуваат овие дилеми: ДАЛИ НЕКОЈА ОД ОРГАНИЗАЦИИТЕ НА ЖЕНИ во Македонија го осудија бруталното, дивјачко насилство врз оваа жена? Дали побараа од жените пратенички во парламентот да го осудат без разлика на која партија припаѓаат? Дали некоја од женските организации во партиите самоиницијативно реагираше ! Би сакала да грешам , ама се си мислам дека одговорот на овие прашања е : НЕ ! Женската солидарност во Македонија-одамна не живее овде ! Си замина, заедно со демократијата!
Фесјбук статус на Магдалена Несторовска


