Еве што вели Кери Ганс, нутриционист од Њујорк, вели дека ако јадете здрава храна доцна навечер, нема да се здебелите, но тоа ќе се случи ако уживате во премногу калоричен оброк.
– Ако на вашето тело му се потребни 1.800 калории дневно за одржување на здрава тежина, а сте консумирале само 900 до девет навечер, можете да внесете уште 900 калории пред спиење без грижа на совест. Проблемот е во ова – колку повеќе време помине до вечерата, толку ќе бидете погладни, а за повеќето луѓе тоа значи повеќе можности за прејадување, што доведува до претерано внесување на главно нездрава храна. Понекогаш тоа го опишувам со парабола за домино ефект – толку долго чекате а храна што не можете да престанете да ја јадете кога следниот оброк конечно ќе дојде на ред – вели таа.
Што треба да направите ако сте изеле балансиран оброк во прифатливо време, а и понатаму сте гладни пред спиење? Советот на Кери Ганс е прво да проверите дали навистина сте гладни.
– Кога јадеме навечер, тоа често нема врска со вистинската глад, а кога ќе разберете за што всушност се работи, ќе можете да ги исфрлите грицките и во доцните часови – изјави њујоршката нутриционистка. Ако сте навистина гладни, почестете се со здрава ужина која содржи 100 калории или помалку.
На пример, изедете парче овошје или чаша јагоди, пудинг со малку маснотии, чаша обезмастено млеко, суров зеленчук или околу 170 мл јогурт со овошје.
За крај, Кери Ганс им препорачува на луѓето да си легнуваат порано, за да не паднат во искушение да грицкаат нешто нездраво доцна навечер.
Извор: informer.rs


