Дали знаете што бевте во претходниот живот? Проверете според датумот на раѓање

Многу луѓе веруваат дека овој живот не ни е прв, ниту пак ќе биде последен. Некои веруваат дека реинкарнациите се случуваат кога имаме нешто недовршено од претходниот живот.

Според датумот на раѓање, можете да дознаете што бевте во претходниот живот:

Од 14 до 28 јули, од 23 до 27 септември, од 3 до 17 октомври

Вие бевте гуру со големо срце

Во претходниот живот Вие ги освојувате луѓето со вашиот шарм и интелигенција. Имавте големо влијание врз сите и тоа го користевте за да ги исполните Вашите цели.

Но, секогаш бевте на страната на слабите, беспомошните и не престанавте да се борите за правдата и вистината. Беше речиси невозможно Вашите противници да ве победат. Станавте вистински водич и учител за вашите многубројни следбеници. За луѓето околу вас бевте идол и речиси ве сметаа за месија. Ве следеа каде и да одевте.

На крајот од претходниот живот побегнавте во една напуштена, голема и мрачна шума и таму ги поминавте последните години од животот. Затоа денес не ја сакате осаменоста и со целото срце им помагате на луѓето кои имаат потреба. Продолжувате да бидете почитувани и веродостојни. Не сте многу дружељубива личност и често ве сметаат за чудак. Во овој живот многу добро знаете што сакате и како да го постигнете тоа. Во љубовта повеќе делувате со умот отколку со срцето.

Од 22 до 31 јануари, од 8 до 22 септември

Вие бевте уметник

Личност со многу бујна фантазија, имавте талент да ги забавувате луѓето. Успеавте да ги освоите нивните срца и да ги натерате да ве обожаваат и да ве сакаат. Никогаш не останувавте долго на едно место – секогаш баравте нешто ново и никогаш не се врзавте само за една личност. Во љубовта дававте онолку колку што беше потребно, а вашата голема желба за нови љубовни авантури постојано ви ја уништуваше секоја претходна врска.

На крајот од претходниот живот успеавте да ја најдете вашата идеална љубов и со неа доживеавте добри години на разбирање и хармонија. Вашето најголемо богатство беа вашите деца и нивните големи успеси. Во сегашниот живот сте чувствителни, но не ги откривате лесно чувствата и срцето. Ја држите дистанцата од оние околу вас. Авантурите продолжуваат да ве привлекуваат, но сега сте врзани за едно место и една личност. Ги судите луѓето околу вас според нивните постапки, а не според нивните зборови. И во овој живот имате остар и прониклив ум и нема проблем што не можете да го решите.

Од 29 јули до 11 август, од 30 октомври до 7 ноември

Бевте истакнат бранител на правдата

Вашата сила беше тактичност и ладнокрвност. Добро ја планиравте секоја своја акција и паметно ги биравте вашите цели. Луѓето постојано бараа совет и помош од вас. Нема кој не беше заведен од вашите ораторски вештини. Покрај тоа што бевте добар говорник, бевте и писател. Вашата претерана гордост бараше почит и восхит од оние околу вас. Многу често паѓавте во замката на вашето самољубие. Пред крајот на вашиот претходен живот, успеавте да натерате многу луѓе да ги прифатат вашите идеи.

Следните генерации ве претворија во мит и долго време бевте идол на вашите многубројни обожаватели.

Во вашиот сегашен живот, вие сте многу искрена и директна личност и презирате секаков вид насилство. Ве привлекуваат хуманитарни активности и сесрдно им помагате на болните и изнемоштените. Сепак, често ви недостасува самодоверба и понекогаш ги потценувате своите способности. Вие сте многу чувствителна личност, кога ќе се заљубите, целото свое битие го посветувате на љубовта.

Од 8 до 21 јануари, од 1 до 11 февруари

Вие бевте „Робин Худ“

Вие бевте родени во сиромашно семејство и затоа уште од мали сфативте дека светот е поделен на сиромашни и богати. Ја мразевте неправдата и постојано ја баравте вистината. Бевте многу храбри и ве придружуваа исто така многу храбри, темпераментни и борбени момчиња. Вашата банда ограбуше низ шумите и по патиштата – земавте од богатите и им дававте на сиромашните. Неверството никогаш не ви било познато ниту во љубовта ниту во пријателството.

Доживеавте бурна и страсна, но за жал трагична љубов. Херојски го завршивте претходниот живот. Вашите битки ви донесоа слава. И денес сте идеалисти, но повнимателни од порано. Прво добро размислувате, а потоа реагирате. Вие го отворате своето срце само за оние пријатели кои се покажале достојни за тоа.

Од 1 до 10 март, од 27 ноември до 18 декември

Вие бевте господар на империја

Горда и амбициозна личност, многу интелигентни. Успеавте да се искачите дури и на кралскиот трон, станавте владетел на голема империја. Не ги толериравте слабостите на вашите подредени и владеевте со голема строгост и дисциплина. Народот не го сакаше таквото строго владеење. Во љубовта, исто така, бевте многу ладна и нечувствителна личност и затоа никогаш не ја доживевте вистинската љубов ниту со телото, ниту со духот. Пред крајот на претходниот живот станавте жртва на револуција.

Благодарение на една личност успеавте да се спасите и да избегате надвор од вашата империја. Во вашиот живот денес не сакате да ве заповедуваат и водат други луѓе. Не сакате да подарувате и не давате ништо од себе. Ја сакате својата слобода и се трудите да ја зачувате со сите сили. Вие сте голем индивидуалист и се што е колективно ве одбива. Во љубовта и сега се уште сте премногу себични, секоја ваша љубовна врска е краткотрајна.

Од 12 до 29 февруари, од 20 до 31 август

Бевте миленик на кралевите и владетелите

Никогаш не земавте ништо со сила. Сè направивте тактично и полека и успеавте да освоите многу срца. Дури и кралевите и владетелите имаа симпатии кон вас. Сепак, често имавте проблеми поради љубомората или зависта на вашите противници. Вашата репутација постојано растеше, па дури стигнавте и до позиција на кралски советник.

Многу лошо го завршивте претходниот живот. Предавството на лажен пријател ве доведе до затвор. Моравте да побегнете далеку од вашето место на живеење, во егзил. Денес сте многу чувствителна личност и најмногу се лутите кога некој ќе ви се меша во личните работи. Друштвени сте и се плашите од осаменост и изолација. Носите голема недоверба кон останатите и избраникот на вашето срце и многу ви е тешко да зборувате за вашите чувства.

Од 20 април до 8 мај, од 12 до 19 август

Безмилосен освојувач

Грандиозноста и желбата да ја наметнете својата волја беа вашите најкарактеристични особини во минатиот живот. Со квалитети на лидер многу брзо успеавте да се искачите на врвот на социјалната скала. Затоа имавте многу противници. Бевте безмилосен кон вашите непријатели и суров кон секој кој ќе ви застанеше на патот до вашата цел. Преземајќи ризици, постигнавте одлични резултати. Од моќта на вашиот ум се плашеа сите, дури и кралевите.

Во љубовта бевте отворени и директни, а секој што ги злоупотреби вашите чувства, подоцна жалеше за тоа. На крајот од претходниот живот, своето знаење и моќ го пренесовте на вашите синови. Најверојатно настрадавте од раните на некој од многуте непријатели. Во вашиот сегашен живот мразите и авторитети и авторитетни луѓе. Се стремите кон тишина и хармонија. Вашата жед за слобода е многу силна и постојано барате нови авантури. Во љубовта многу сте љубоморни, но секогаш сте подготвени да ѝ ја дадете душата на личноста која ве маѓепсала со нежност и чувства.

Од 9 до 27 мај, од 29 јуни до 13 јули

Мудрец

Многу повеќе сакавте луѓето да ѝ се восхитуваат на вашата мудрост отколку да стекнете добра социјална положба. Добро знаевте дека славата е меч со две острици. Бевте строги кон себе и не си дозволувавте грешки. Откако изгубивте драг пријател, веднаш сфативте дека смртта не е само физичка туку и духовна манифестација. Остатокот од животот го посветивте на науката и мудроста.

Вашата единствена радост беа резултатите од вашето научно истражување. Така го дочекавте крајот на претходниот живот. Многу сте недоверливи кон луѓето во вашиот сегашен живот. За да ги прифатите другите, мора постојано да ви се докажуваат. Продолжувате да бидете авторитетна личност, со добра репутација. Не поднесувате муабетења и бесмислени разговори. Пријателството ви е свето и вие сте посветени пријатели. Во љубовниот живот барате верност, нежност и романса.

Од 11 до 31 март, од 18 до 29 октомври, од 19 до 31 декември

Стратег

Бевте одличен оратор или исклучително остроумен стратег со одлични ораторски вештини. Ги пленивте срцата на вашите слушатели со вашите огнени говори. Дури и кралевите и лидерите го сакаа вашето друштво и совет. Вашата слабост – романтичното срце. Љубовта ја доживувавте со телото и душата и повеќе дававте отколку што добивте. Затоа, не е ни чудо што после секој љубовен неуспех станувавте одмаздољубиви.

Разочарани во љубовта, повторно се вративте на ораторските определби, а таму со вашите добри пријатели ја победивте осаменоста и монотонијата. Крајот на вашиот претходен живот беше многу добар – ја најдовте љубовта и добивте целосно материјално и духовно богатство. Во вашиот сегашен живот, продолжувате да имате ораторски способности и барате уште посилна врска со оние околу вас. Не можете да поднесете луѓе со „сиромашна“ душа. Давате сè за вистинските пријатели и тие секогаш може да се сметаат на вас. Во љубовта сте многу љубоморни.

Од 28 мај до 18 јуни, од 28 септември до 2 октомври

Авантурист

Смислата на вашиот живот е да откриете што повеќе непознати места. Како многу љубопитни поединци со бујна имагинација, се трудевте да ја задоволите својата жед за авантура. Сакавте да научите многу странски јазици и да запознаете многу странски култури. Ја бранивте својата слобода до последен здив. Каде и да се појавевте, предизвикувавте немир и затоа луѓето се плашеа од вас. Во љубовните врски веднаш штом ќе ја разгоревте страста на партнерот, исчезнувавте од нивните животи.

Вашиот независен дух не беше само ваша сила, туку и слабост – никој не можеше да ве води, а вашите чувства често ве носеа во очајна состојба. Ја мразевте дисциплината и законите. Многу мирно го дочекавте крајот на претходниот живот. Најдовте сродна душа и ги споделивте сите ваши соништа со него. Сега сте многу независна личност и имате различни интереси. Сè уште се трудите да откриете нови хоризонти и не сакате да се „закотвите“ на едно место. Во љубовта повторно барате сродна душа.

Од 1 до 19 април, од 8 до 17 ноември

Бунтовник

Отсекогаш сте барале да го откриете мистичното. Никогаш ништо не би беше доволно, само што ќе откриете една тајна, веднаш започнувавте да откривате друга. Имавте голема пророчка моќ и практикувавте бела магија. Не толериравте авторитет и не бевте личност која сака висока позиција во општеството. Бевте многу дружељубиви и го споделувате вашето знаење и искуство со другите. Поголемиот дел од животот за вас љубовта беше платонска отколку реална и возвратена.

На крајот од претходниот живот, целото свое знаење го искористиве за луѓето на кои им беше потребна помош. Насилна смрт ви го скрати животот, нарачка на завидливи луѓе. Во вашиот сегашен живот, вие сте авторитетна фигура со многу критички ум. Ги цените чувствителните и мудри луѓе. Вие сте одличен психолог и брзо разбирате со какви луѓе имате работа. Во љубовта се давате целосно, па затоа истото го сакате и од партнерот.

Од 1 до 7 јануари, од 19 до 28 јуни, од 1 до 7 септември, од 18 до 26 ноември

Брилијантен интелектуалец

Вашите главни квалитети беа искреноста и интелигенцијата. Не ви недостигаа завидливите луѓе поради вашиот генијален ум. Некои се обидоа да ве симнат од тронот, но не успеаја. Вашите пророчки визии беа длабоко поврзани со интуицијата. Постојано се стремевте кон нови знаења и откритија. Ги презиравте „плитките“ луѓе, а вашето најсилно оружје беше правдата. На крајот од вашиот претходен живот, Вашето знаење и искуство го споделивте со мал круг од избрани луѓе. Пристигнавте во вашиот сегашен живот со чувство на должност кон луѓето, но и многу од вашите тогашни позитивни квалитети. Сега вашиот интелект е многу поголем, а вие исто така длабоко ја испитувате душата.

Постојано истражувате и ништо не простувате никому. Затоа во љубовните авантури се стремите кон совршени врски. Често сте разочарани од партнерот бидејќи не можете да ги толерирате неговите недостатоци.

Извор: highviewart.com

Најчитани вести