Пејачката Дара Бубамара има нов, помлад додворувач, јавуваат српските медиуми. Како што се наведува, Дара од него добила скап часовник Ролекс, со кој веднаш се пофалила, пишува српски Блиц.
-Дара веќе некое време ја посакува ова момче. Сите во градот го знаат, згоден е и убав, вистински алфа мажјак! Тој е од Војводина и е татин син, но има и свој успешен бизнис. На него тој „ролекс“ од триесет илјади евра не му значи многу, има пари колку сакаш, но знае дека Дара носи скапа облека, секогаш вози бесни автомобили и сака добри часовници, па го одврза кесето. Чудно ми е што воопшто тоа го објавила, бидејќи во последно време не сака толку да зборува за приватниот живот и го крие како змија нозе – вели блиска пријателка на Дара и додава:
– Тој и праќал цвеќе по концертите, секој пат по 101 роза. Нејзе и се допаѓа, вели дека е нејзин тип, брз, урбан и тетовиран. Сите од околината на Дара навиваат тие двајца да бидат заедно, а дали Дара ќе попушти останува да видиме – заклучува пријателката.


