Даравелски уапсен, се чека испорака од Србија

Екс директорот на Царина, Драган Даравелски, денеска треба да биде испорачан во Македонија, дознава порталот Плусинфо.

Даравелски е уапсен по потерница,со правосилна судска пресуда според која проневерил 2,5 милиони евра.

Македонското Министерство за внатрешни работи го потврдува апсењето кое се случило ноќеска. Од Министерството за правда се уште ја проверуваат информацијата за случајот. Даравелски во Србија беше уапсен пред неколку години, но не беше дозволена негова екстрадиција.

Тој е осуден со правосилна судска пресуда дека проневерил 2,5 милиони евра, додека беше директор на Царинската управа во периодот 1999-2002 година во време кога премиер беше Љубчо Георгиевски. Истрагите против него започнаа веднаш по промената на власта во 2002 година. Набргу потоа му беа поднесени неколку кривични пријави поради злоупотреба на службената должност и овластувања по разни основи, а меѓу нив најтешката е за неуплатување на приходите од царините во Буџетот на државата и за отуѓување возила, сопственост на Царината и на други институции.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести