Дарко Панчев го прослави педесеттиот роденден!

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев наполни 50 години.

Неговата сопруга, пејачката Маја Гроздановска Панчева на социјалната мрежа Фејсбук сподели фотографии од роденденската прослава на Дарко со нивните две ќерки Надица и Марија, до која напиша коментар: „Најпосле копачките во прави раце…Среќен роденден тато, да си ни жив и здрав, многу те сакаме“.

darko_pancev1

Тортата за педесеттиот роденден на Дарко секако имаше фудбал и златни копачки кои завршија во рацете на неговите две ќерки.

darko_pancev2

Интересна честитка сподели и фејсбук страницата „Историјата на екс ју фудбалот“: Среќен 50-ти роденден на Дарко Панчев, европски и светски првак, петкратниот најдобар стрелец на Југославија, златна копачка на Европа за 1991 година и најмладиот голгетер на сите национални првенства во светот.

Извор: Канал 77

Најчитани вести