Дебрaнец три месеци ја силувал 14-годишната ќерка

Жител на Дебар, стар 48 години, од почетокот на септември повеќе пати ја силувал својата 14-годишна ќерка, соопшти СВР Охрид, известувајќи дека тој бил приведен, добил кривична пријава и сега издржува притвор до 48 часа во затворот во Шутка, јавува Плусинфо.

Случајот е откриен во понеделникот, кога во полициската станица Дебар било пријавено дека ден претходно во нивниот дом, дебранецот ја обљубил својата 14-годишна ќерка. Полицијата по пријавата го информирала Центарот за социјални работи од Дебар. Од разговорот со оштетената било констатирано дека вакви дејствија се случиле повеќе пати и започнале пред три и пол месеци.

По наредба на Јавен обвинител од Гостивар извршен е здравствен преглед на оштетената.

Пријавениот е претходно познат сторител на казнени дела и против него во претходниот период се поднесени кривични пријави за кривични дела насилство, предизвикување општа опасност, измама и фалсификување на исправи, соопштува СВР Охрид.

Извор: Плусинфо

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести