Зошто децата родени во ноември се посебни

Сите деца се посебни за своите родители и не им е особено важно кога се родило детето – во зима, есен, пролет или во лето. Сивиот ноември не дава премногу причини за радост, па родителите чии деца се родени во тој месец треба да знаат зошто нивните деца, од гледна точка на науката, се навистина уникатни.

Децата родени во ноември, како по правило, се повисоки од своите врсници. Истражувањето спроведено на Харвард покажува дека децата родени во студените месеци, при раѓање се неколку сантиметри подолги од летните новороденчиња. На возраст од 7 години, ноемвриските деца се повисоки и потешки од своите врсници.

Американските истражувања за спортските способности на учениците покажуваат дека најдобри спортисти се децата чиј роденден е во ноември. Научниците откриле дека децата родени во пролет и лето имаат тенденција да си легнуваат подоцна од децата родени во есен или зима.

Тие се помалку подложни на некои имунолошки заболувања. Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека роденденот во ноември може да ги намали шансите за развој на мултиплекс склероза и некои други имунолошки заболувања. Се верува дека ова е поврзано со нивото на витамин Д што мајката го примала во текот на летната бременост.

Луѓето родени во ноември живеат 100 години почесто од другите. Овој факт го утврдиле истражувачите од Универзитетот во Чикаго.

Најчитани вести