Во Скопје на улицата „Коста Новаковиќ“ вчера настанала вербална расправија меѓу 79-годишниот В.В. и група млади, соопштуваат од МВР.
Старецот излегол да фрли ѓубре, но младите кои стоеле пред влезот му рекле да не го фрла ѓубрето таму, бидејќи тоа не е соодветното место по што тој се вратил дома, зел пиштол, кој го поседувал со одобрение и повторно излегол надвор ,заканувајќи им се на младите лица.
Лицето е приведено и се работи на целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветна пријава
]]>


