Дефектолог од Битола ќе одговара за смрт на малолетничка

Дефектолог од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола ќе одговара за смртта на малолетничка поради сомнение за несовесно работење во службата.

Како што соопшти полицијата, пријавената Д.Ј.(46) на 30 април годинава го пропуштила должниот надзор што го имала како воспитувач-дефектолог во Заводот и несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања, со што и нанела штета со смртни последици на малолетничката како резултат на труење со корозивна супстанција.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести