Мене воопшто не ме интересира некоја што требало да биде дама на својата свадба, земала пушка и изигравала ганстер. Тоа може да биде возбуда, адреналин за некој неиживеан. Невестата треба на својата свадба да плени со својата убавина, а не со еден ганстерски однос. За мене тоа е страшно ниско, дури и се прашувам дали сме нормални што толку многу акцент посветуваме на нивните фрустрации. Дека поседуваат оружје повеќе од јасно е сите овие години. Но најстрашно од се, со појавувањето на ,,невестата пукачка,, е што тие прават што сакаат, а ние за жал само џавкаме и се однесуваме како кукумијавки, плачеме, се жалиме. Тоа сме ние.
Еднаш реков и ќе повторам. Кога прв пат излегов на улица да се борам против неправдата, излегов со бебе во кенгур. Многумина ме правеа луда, дури и сеуште но јас излегував токму поради тоа бебе што беше во кенгурот. Зошто тоа бебе можеше да биде следен Мартин Нешковски. Денеска моето дете има шест години. Денеска повторно сум на улица, со ниту еден чекор напред. Денеска трчам како луда по сите можни институции кои постојат во Македонија за да извадам еден пасош ( смешно е ) и трагично.
Денеска само се потсетувам колку многу изгубило моето дете од мене на улица. Некогаш кога ќе порасне можеби ќе се обидам да и објаснам дека како нејзина мајка и татко должност ми е да ,,уличарам,, да бидам ,,хулиган,, затоа што оваа власт зема цела една деценија од нашиот живот. Ако се повлечам, ќе не продаваат на улица како бело робје. Ќе останеме на оваа земја, зошто таа е добиена со крв, со копање, орање а нема да дозволиме некои фашисти да ни го одземат сето она за кое се бориме.
И нема да се замарам со невестата пукачка, ниту со некоја вечита швалерка Ивонче Милионче, ќе се занимавам со тоа што поради нив ние дојдовме на улица.
Фејсбук статус на Ивана Божиновска


