Вака сега, за Струга, бидејќи многу ја спомнуваат овие неколку дена…
Прво, да ја спомнувавте толку овие 16 години локална власт и 11 централна ќе цветаше, а не да е на ова дереџе како денес.
Второ, депонијата ќе ја исчистиме истовремено со чистењето на криминалот и криминалците.
Трето, кога со амандмани баравме дислокација на депонијата гласаа против. Тогаш поважни им беа врби, шмизли, бикови и слични глупости од СК2014. И тогаш не ја фрлаа вината на Села. Тогаш супер им беше Села. Битни им беа директорските места во коалиција со Села. Тогаш велеа не се решавал така проблемот, а ниту кажаа како, уште помалку го решија. Еве денес резултат од тоа што “не се решавал така проблемот”…
И затоа би замолил да не ме изедначувате со други пратеници од друга партија. Би замолил, а вие како сакате…
Фејсбук статус на Јован Митрески



