Фудбалерите на Баер Леверкузен ја совладаа Борусија Дортмунд со 1:0 во дерби натпреварот од 15.коло на фудбалскиот шампионат на Германија. На средбата одиграна во Дортмунд, гостите од Леверкузен до победата стигнаа со голот на Мин Сон во 18-минута. Со новите три бодови Баер се зацврсти на втората позиција на табелата со шест бодови повеќе во однос на „милионерите“, а четири помалку од лидерот Баерн Минхен.
На останатите натпревари одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Штутгарт – Хановер 4:2, Хамбургер – Аугсбург 0:1, Ајнтрахт – Хофенхајм 1:2 и Борусија Менхенгладбах – Шалке 2:1.
Денеска ќе биде заокружено ова коло со двата натпревари во кои ќе се сретнат, Фрајбург – Волфсбург и Брауншваиг – Херта.
Табела: Баерн Минхен 41 бодови, Баер Леверкузен 37, Борусија Дортмунд 31, Борусија Менхенгладбах 31, Шалке 24…


