Дешам го продолжи договорот со Франција

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидије Дешам денеска го продолжи договорот со националниот сојуз на оваа земја.

Според новиот договор постигнат само еден ден по обезбедувањето на пласманот на Мундијалот во Бразил, Дешам на клупата на „триколорите“ ќе остане до летото 2016 година.

Франција синоќа во реваншот од баражот за СП ја совлада Украина со 3:0 и ја анулира негатива од 2:0 што ја имаше по првиот дуел во Киев.

– Тоа е магијата која ја има фудбалот. Пред само четири дена бевме во многу лоша позиција, а реваншот беше фантастичен. Не се сомневав дека ќе одиме на Мундијалот. Овој тим е способен да направи уште многу одлични резултати, изјави францускиот селектор за домашните медиуми.

45-годишниот Дешам во јули минатата година на клупата на Франција дојде на местото на Лорен Блан.

Најчитани вести