Дете си играло на телефон и случајно нарачало 70.000 лижавчиња: Мајката се фатила за глава кога ја видела глетката пред куќа

Жителка на Кентаки била изненадена од глетката пред семејната куќа, а кога прочитала што пишувало на кутиите, сè ѝ било јасно.

Едноставна детска игра за малку ќе се претворела во скапа збрка кога Лиам, второодделенец, случајно нарачува неверојатна количина од популарните бомбони преку интернет.

Тој си играл со телефонот на мајка си, а несреќната жена доживеала шок откако на прагот се појавиле 30 големи кутии!

Синот ја признал својата грешка

Внатре имало, ни помалку ни повеќе, туку 70.000 од популарните лижавчиња „Дам-Дам“! Во секоја кутија имало 2.340 парчиња, а како што подоцна открила, нарачката чинела околу 4.200 долари.

„Не можев да им верувам на очите! Мислев дека е грешка“, изјавила Холи Лафаверс за локалните медиуми. Нејзиниот син набрзо признал дека случајно нарачал лижавчиња додека си играл на телефонот, пренесува UPI.com.

Реакции на мрежите

Кога жената контактирала со Амазон, преку чија апликација сè било направено, компанијата се согласила да врати осум кутии. Потоа Холи одлучила да ги понуди преостанатите „залихи“ на продажба на соседите и пријателите.

Во меѓувреме,бидејќи нејзината приказна се појавила во медиумите, таа добила уште еден повик од Амазон, кој одлучил да ѝ ги врати парите во целост.

„Ви благодарам на сите што сакавте да помогнете“, напишала таа на социјалните мрежи. „Со задоволство ќе го доставам она што го „нарачавте“ или донирате на некоја добротворна организација“.

Инцидентот предизвика бројни реакции на интернет, со предупредување до родителите да ги заштитат своите уреди со лозинки – бидејќи дури и едно невнимание може да резултира со илјадници лижавчиња на врата.

Најчитани вести