Детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ во Градски парк

На Школка во Градски парк вечер од 19 часот ќе се одржи централниот настан од 33. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.

Детскиот културен центар „Карпош“ со својот фолклорен ансамбл е домаќин и организатор на фестивалот под покровителство на Град Скопје. 

Директорката на фестивалот Билјана Лалчевска-Серафимовска истакнува дека „Оро без граници“ е симбол на пријателствo меѓу децата кој континуирано се одржува од 1991 година.

-Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, каде се формира најголемото оро, кое не познава граници, оро кое е симбол на пријателство меѓу децата. Овој детски фолклорен фестивал придонесува за зачувување и презентирање на традицијата и културата и промовирање на знаменитостите по кои е препознатливо Скопје, истакнува Лалчевска-Серафимовска во најавата за настанот. 

МИА

Најчитани вести