Деветнаесет првачиња од СОС Детско село тргнаа на училиште

СОС Детско село на својата страница објави дека вчера во училиште испратиле деветнаесет првачиња.

„Денеска за прв пат на училиште испративме 19 првачиња – 19 умни главчиња со големи желби.

Нека им е среќен почетокот на сите ученици нека им биде оваа учебна година полна со учење, пријателства и убави искуства!”, порачаа тие во објавата на постот со фотографии од нивните првачиња.

СОС Детско село од 2001 година веќе повеќе од 20 години активно се грижи за деца и млади без родителска грижа.

Најчитани вести