Американската актерка Џенифер Анистон (55) ги поттикна гласините за потенцијлна свршувачка откако се појави на годинашното доделување на наградите САГ со огромен дијамантски прстен на левата рака. Патем, 55-годишната актерка беше номинирана за улогата во „Утринската емисија“ („The Morning Show“), но наградата ѝ припадна на Елизабет Дебицки од серијата „Круната“ („The Crown“).
Анистон, исто така, се качи на сцената со колегата Бредли Купер за да ѝ ја додели наградата за животно дело на Барбра Стрејсенд. Таа го привлече вниманието во тесен сребрен фустан со длабоко деколте и шлиц до бутовите.
Сепак, највпечатлив дел од нејзиниот изглед беше накитот, а прстенот што ѕвездата на „Пријатели“ („Friends“) го носеше на раката ги привлече сите погледи. Нејзиниот љубовен статус не ѝ е познат на јавноста, со оглед на тоа што во последните пет години не била романтично поврзана со никого.
извор: slobodenpecat.mk


