Џенифер Лопез го украде целото внимание во овој фустан на модната недела во Париз

Покрај тоа што е можност да се видат новите модни трендови и креации, модната недела во Париз е настан кој исто така ги инспирира познатите личности да го покажат својот исклучителен стил, пишува српски Информер.

Една од гостите, која не пропушта значајни настани, е актерката и пејачка Џенифер Лопез, која овојпат ја посети ревијата на Валентино. Џенифер дефинитивно не ги разочара сите присутни, бидејќи се појави во проѕирен фустан, кој имаше корсет во боја на кожа одоздола и машна околу вратот.

Секако, и чевлите исто така беа во беж боја, додека малата чанта се вклопушваше со црвените детали на фустанот. Косата подигната во половина реп и очила за сонце беа само уште некои детали со кои таа ја изрази својата софистицираност.

Најчитани вести