Мислам дека никогаш не биле вака слаби во средината, напиша на Твитер „лошото момче“ на англискиот фудбал Џои Бартон. Јунајтед успеа само да ремизира во Кардиф.
Манчестер Јунајтед во неделата против Кардиф направи уште една грешка. Во судиското продолжение тимот од Велс постигна гол за 2-2 и на Мојс и неговите играчи им одзеде два вредни бода. Не требаше долго после тоа да се јави „лошото момче“ на англискиот фудбал Џои Бартон.
– Сосема е можно, дека е ова најлошата екипа на Манчестер Јунајтед во историјата на Премиер лигата. Мислам дека никогаш не биле толку слаби на средината – напиша тој на Твитер.
Јунајтед е шести на табелата, а зад водечкиот Арсенал заостанува седум бода.


