Џуниор Кемпбел меѓу уапсените за местење фудбалски натпревари

Напаѓачот на Блекбурн, Дадли Џуниор Кемпбел е уапсен поради учество во местење на натпревари, соопштија од англискиот клуб, од каде потенцираа дека повеќе нема да се огласуваат за овој случај.

Националната криминалистичка агенција на Англија (НЦА) со соопштение објави дека во неделата покренала истрага по сомнението за местење натпревари во англискиот фудбал.

НЦА потврди дека досега се уапсени шест лица.

Како што пренесува англискиот весник „Сан“, постојат докази против играчот кој изјавил дека наместил натпревар, во кој пак на еден засега неименуван фудбалер му се исплатени 49.100 долари за да заработи жолт картон.

Најчитани вести