Ракометарот на Вардар по вторпат оваа сезона се најде во тимот на колото (5.коло) во избор на магазинот посветен на колото од Лигата на шампионите. Признанието доаѓа за извонредната игра против Металург и осумте постигнати голови.
Претходно рускиот интернационалец беше избран за најдобар на својата позиција и во второто коло.
„Седморката“ на 5.коло ја сочинуваат:
Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар),
Лев бек – Стипе Мандалиниќ (Загреб КО),
Среден бек – Стас Скубе (Горење),
Десен бек – Штефан Вајнхолд (Флензбург),
Десно крило – Алберт Рохас (Колдинг),
Пивот – Максик Бабичев (Динамо Минск) и
Голман – Арпад Штербик (Барселона).
Покрај изборот во тимот на колото, крилото на Вардар го има и голот број 1 на петтиот круг, а како гол број 3 во конкуренција на ТОП 5 е еден од погодоците на Игор Карачиќ.
Во ТОП 5 одбрани на колото, како број 4 е рангирана одбраната на Страхиња Милиќ, голманот на македоснкиот шампион.


