Директорот на платежната агенција од редовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Новиот директор на агенцијата за финанска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Влатко Стојкоски, и официјално почна да ја извршува директорската функција, јавува Телевизија 24.
Стојкоски доаѓа од Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. на директорската позиција доаѓа од кабинетот на државниот секретар во министерството за одбрана. Досега директор на платежната агенција која менаџира со исплатата на субвенциите беше Билјана Вуковиќ. Пред две недели таа си поднела оставка, но причините не се откриваат.
Министерот за земјоделство Михаил Цветков, вели дека Стојкоски добро ќе ја извршува новата функција.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести