Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница донесе одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати.
Цената на дизелот се зголемува за 3,5 денари и изнесува 95,5 ден./литар. Бензините остануваат со непроменета цена во однос на претходната одлука на РКЕ, односно максималната малопродажна цена за ЕУРОСУПЕР БС 95 изнесува 86,5 ден./литар, а цената за ЕУРОСУПЕР БС 98 изнесува 88,5 ден./литар.
Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) од полноќ ќе се продава по цена од 92 ден./литар, додека мазутот М1 НС ќе се продава по цела од 47,61 ден./килограм.


