Добитникот на главната награда од „Мој ДДВ“ се јави од Бугарија

Добитникот на главната награда од наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“ во износ од 3.000.000 денари е Дејан Петков од Штип.

Веднаш по извлекувањето тој беше контактиран по телефон, на бројот што го оставил при регистрацијата и откри дека е роден во Штип, живее во Виница, а во моментот е во Бугарија и „на сигурно“ место.

Иако не му се веруваше дека е добитник на главната награда, сепак откри дека парите ќе ги искористи за позитивни работи.

Во извлекувањето учествуваа сите фискални сметки скенирани од 15 декември, минатата година, до 15 март годинава или 41. 355. 591 фискални сметки.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Македонија, Ударни вести

Најчитани вести