Никола Роквиќ се огласи од Македонија и откри колку пари се собрани за фондацијата
Никола Роквиќ веќе тринаесет дена патува до Грција, а денеска се јави од аџилак да покаже на каков терен пешачи. Целта на Никола Роквиќ е да собере пари за апарати во детската онкологија, а крајна дестинација е манастирот Нектарија Едински.
Пејачот секојдневно известува и открива детали од ова хуманитарно патување, веќе ја помина Србија, а сега е во Македонија. Никола повторно се огласи и откри каде ќе го слави најрадосниот празник во годината, но и призна што го прави ова свето место посебно, пишува Мондо.рс.
“Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е присутна во мене, се наоѓаме на местото Свети Николе, во храмот. Нашите драги домаќини ми рекоа дека ова е местото каде Свети Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Овде вечерва ќе го дочекаме Велигден, многу сум среќен“, вели Никола во видеото.
Во второто видео Никола им се заблагодари на сите кои донирале пари во хуманитарни цели и откри дека досега се собрани 14 милиони динари!


