Гимнастичарката Алина Кабаева (33) за која медиумите тврдеа дека е изабраничка на Владимир Путин, прв пат се појави во јавност со синовите.
Британските таблоиди тврдат дека се работи за синовите на рускиот претседател со кој Кабева наводно е во брак.
Фотографиите со Кабаева и двете момчиња се направени по последните руски парламентарни избори, на кои победи партијата Обединета Русија, основана од Путин.



