Додека јавноста не престанува да зборува за хрватската свадба на годината на Хана Хуљиќ и Петар Грашо, се појави информација каде беше синоќа поранешната девојка на Петар, Данијела Мартиновиќ.
Како што пишува порталот „Загреб.инфо“, таа пеела на свадба во Загреб и била одлично расположена и насмеана, а за младенците и гостите имала посебна порака.
-Танцувајте низ животот и нека не ви е гајле за ништо, фатете го ритамот и не дозволувајте на никој да ви го украде, порачала Данијела со насмевка на лицето, пренесува „Загреб.инфо“.