Потребни состојки:
400 гр меко брашно
2 цели јајца
2 жолчки
1-2 лажици ладна вода
прстофат сол
Начин на подготовка:
Ставете го мекото брашно во плиток, широк сад. Направете длабнатина во средина на брашното, каде ќе ги ставите двете цели јајца, жолчките, сол и вода. Со нож почнете да вртете во кругови од центарот кон надвор…а потоа продолжете со месење со рака. Кога смесата ќе се соедини, префрлете ја на даска и продолжете со месење, додавајќи по потреба малку брашно, додека тестото не стане мазно и цврсто.
Поделете на пет дела… и расукајте многу тенко… па исушете ги малку за полесно сечење.
Развиеното тесто исечкајте го на ленти, завиткајте и исечете го со остар нож.
Исушете ги убаво исечените тестенини на чаршав…. и спакувајте ги во кутија.
Извор: coolinarika.com


