Петар Николов е седуммесечно бебе кое од првиот ден штом ја видело светлината на животот е соочено со тешка битка. Веднаш по раѓањето му била дијагностицирана вродена малформација, скратување на хранопроводот, односно слеп завршеток на хранопроводот – езофагеална атрезија.
На Детската клиника во Скопје на третиот ден откако се родило бебето било оперирано. И тогаш почнале тешките и неизвесни денови за Петар и за неговото семејство. По операцијата, неговата состојба се влошила. Се појавиле стеснувања на хранопроводот низ кои не може да помине храна, како и фистула помеѓу хранопроводот и дишникот. Неговите родители велат дека сега Петар се храни преку сонда, а млекото што го прима, често завршува во белите дробови. Тоа предизвикува проблеми во неговото дишење и постојано е изложен на лекарски интервенции. Родителите Гоце и Стојка Николови со надеж дека ќе го најдат лекот за бебето се обратиле и во приватната болница Систина во Скопје. Чаре побарале и од лекари од соседството, во Белград. Тамошните хирурзи, како што вели таткото Гоце Николов, не се нафатиле да го оперираат бебето поради сложеноста на оперативниот зафат кој е прилично ризичен. Препорачале тоа да го направат нивни колеги, специјалисти во Италија, односно во медицински центар специјализиран за такви опреации во градот Фиренца.
„Кога се роди се чинеше дека се е во ред. Петар цицаше, но после третиот ден од неговото раѓање беше констатиран проблем. Почна да се гуши и да се мачи по што лекарите во Скопје веднаш го оперираа. Операцијата не помогна. Проблемот остана, има голема мака со голтањето. Меѓу душникот и хранопроводот има дупка, па го храниме преку сонда. Иако Петар наполни седум месеци има само 3.800 килограми. Лекарите во Италија ни гарантираат успешна операција и со Господ напред и со помош на сите хумани луѓе од цела Македонија ќе успееме да го вратиме Петар во нормален живот“, вели таткото Николов.
Тој работи во кочанската фирма „Европа 92“, а неговата сопруга која сега е со Петар на Детската клиника во Скопје е вработена во конфекција во Кочани. За операцијата се потребни 15.000 евра. Николов вели дека 80 отсто од трошоците за операцијата ќе ги покрие Фондот за здравствено осигурување. Процедурата е во тек. Но, ќе можат ли Гоце и Стојка да ги соберат останатите пари за толку кратко време? Прв пат помош побарале кон средината на октомври и голем број граѓани преку социјалните мрежи, но и преку телефони на трите оператори ВИП, ОНЕ и Т- Мобиле и преку објавената жиро сметка им излегле во пресрет. Поради тоа Николови изразија огромна благодарност до сите хумани луѓе од цела Македонија кои несебично им помагаат во најтешките моменти, донираат ги бодрат цврсто да истрајаат до денот кога малиот Петар ќе биде опериран во болница во Италија.
Граѓаните можат да донираат на следниве телефони:
Донациски број од мрежата на Т-Мобиле : 070143109
од мрежата на ВИП 077143077
од мрежата на ОНЕ 075143950
За донации уплатени во Македонија (во денари или евра)
Име : Николов Петар
Банка : Тутунска Банка
Сметка : 210501670680616
За донации од странство / For donations from abroad / Pour donations de l’étranger :
Name : Nikolov Petar
Address :
IBAN Code :
Bank Name : NLB TUTUNSKA BANKA A.D. SKOPJE
Bank Address : Majka Tereza br.1
Country :


