Една година германски пациент боледувал од низа симптоми кои се влошувале, а лекарите не успевале да ја откријат причината. Меѓутоа, идејата за причината на проблемот се појавила благодарејќи на една од сериите на популарната телевизиска серија „Хаус“ каде брилијантен лекар и циник Грегори Хаус поставува дијагноза на нерешливи случаи, се наведува во британското медицинско списание Lancet.
Срцето на пациентот почнало да откажува, видот и слухот се влошиле, боледувал од желудечен рефлукс, потечени лимфни жлезди и необјаснива висока температура. Еден од германските лекари, кој го примил 55-годишниот пациент упатен во Марбурскиот центар за недијагностицирани болести во мај 2012 година се сетил на епизодата каде Др. Хаус се сомневал на труење со кобалт. Сомнежот е потврден и во вистинскиот живот и откриено е дека причина за проблемот се истрошениот вештачки колк кој е заменет со керамички.
Набрзо после замената на колкот, концентрацијата на кобалт и кром во крвта почнале да се намалуваат и здравствената состојба на пациентот се стабилизирала, се наведува во извештајот за случајот.
Една година после замената на дотраениот вештачки колк, работата на срцето на пациентот се подобрила 40 отсто, немал повеќе висока температура, ниту рефлукс. Неговиот слух и вид делумно се подобриле затоа што оштетувањето од кобалтот било претешко.
Водителот на тимот, Јурген Шафер вели дека серијата др. Хаус со труење со кобалт била од помош затоа што поради неа бил свесен за проблемите со тој метал, но истакна дека секако биле користени и други дијагностички методи. Тоа покажува дека солидно направената забавна програма не само што забавува и едуцира, туку може и да спаси живот.
Серијата „Др. Хаус“ работена е според вистински медицински случаи и Шафер ја користи во предавањата за да го сврти вниманието на студентите по медицина на ретките или невообичаени болести.
]]>


