Медиумскиот „могул“ Драган Павловиќ Латас и телевизијата Сител се виновници и „ритуални жртви“ во зрелата фаза од паѓањето на груевизмот
Телевизија Сител во дослух со власта и спонзорите, оние кои ги спонзорираат, претставуваат две половини од една иста заедница. Взаемно се неопходни за да може да функционираат. Каква Македонија изминативе десет години сонува Боксерот, Скопскиот шмекер во „памперси“ и социјалистичкиот Коњушар, ако токму Сител беше неопходен за правење на така одвратна Македонија? Доколку споменатата „демократска тројка“ мисли дека нормалната Македонска земја ќе се подигне на оваа телевизија, во Македонската историја ќе биде обележано како конзилиум од доктори, кои против канцер се бореа така што градеа гробови.
Драган Павловиќ Латас не е клучен, ама е виновен. Тој слабичок еротман без скелет, внатрешниот лифт ионака не му допира до последниот спрат, односно глава. Овој медиумски могул во политичка смисла претставува само „ритуална жртва“, проект во зрела фаза од груевизмот. А, неговата мисија? Да го поттикнува „инфантилизмот на масата“, авторитаризмот на власта, диктатурата на вулгарноста, тривијалност која напредува, корумпира и уништува се’ пред себе. Само под еден услов – да во овој режим своите гледачи непречено ги испорачува на политички и финансиски моќници, за да со помош на неколку mis „дронфуљи“ извршува медиумски садизам, за да без „филозофирање“, просто и на прва создаде индустрија на обмана, да препарира граѓани во демагози, да шири празноверие и наивност, да без двоумење поттикнува патолошки реформатори – само под такви услови Павловиќ Латас, човек кој стана капиталист во времето на груевизмот, се’ со цел за да може да задржи џипови, куќи, станови и фирми. Се’ она што со напорна и чесна работа, нели така, стекна за нецели десет години.
Како и’ да било, овој човек е само бедна последица. Пипците на вина одат директно до тесната политичка клика на Груевски, луѓе кои презедоа систем од медиумски алатки со кои намерачија, без разлика колку ќе чини, владеење на Македонија која одлучно е против секое малцинство. Таквите мислеа – и се’ уште мислат – дека добар рекламен слоган чини еден глас. Милион слогани, милион гласови. Генијално! Имено, сите знаеме дека Драган Павловиќ Латас, штом оваа власт пропадне, искрено и со жалење ќе каже се’ за луѓето кои вршеа власт од 2007. година. Ќе снима за нив специјални емисии, ќе покажува како влегувале во Сител како во своја куќа и партија, кој на какви базени се „палел“, што се’ пиеле и колку пари земале.
Во кој кривичен закон стои, или во закон за медиуми стои параграф со кој му се гарантира на еден човек да биде одвратна гнида? Да биде кукавица? Да ја менува совеста за сигурноста? Само под услов да Павловиќ доброволно замине од медиумскиот простор заедно и истовремено со своите сегашни политички спонзори (не му е прв пат, без солзи се раздели и со оние кои се’ му дадоа и овозможија), само под услов, велам, ќе може да зборува за неговата натамошна одговорност за се’ што во иднина ќе работи.
Вака, со бодликава жица околу неговиот врат, Сител е најголемиот изборен адут на груевизмот кој повторно ќе продолжи да игра на хистерија, внатрешен страв на Македонците, популизам и демагогија. Јасно е и заради што; нацијата само со помош на Драган Павловиќ Латас може да се дресира како да се остане без пари, да се јаде без храна и’ да се живее без живот. Преку него, лесно пропагандата се претвора во терор, Сител без грижа на совест се изживува со политички и приватни противници, а на свирепите лудаци фино и на тацна им ги сервира жртвите кои дрско лажат дека Македонија е најбедна, најкорумпирана и најапатична држава во Европа. Само преку неговото новинарство „откини, изжвакај и плукни“ ќе можат на Македонците да им се закануваат со „нова“ вонредна состојба од странците, ако само граѓаните продолжат со протести и непријатни прашања.
Дали Драган Павловиќ Латас ќе можеше да плука и клевети сите овие години ако претходно не’ добиеше „амин“ од државата како би можел да плука и клевети, самиот преку вестите да оптужува и суди кого ќе стигне, дружејќи се интимно со првиот човек на тајната полиција; кажете, ако ја немаше сета таа поддршка, што ќе беше тоа човече со танок костур, а во внатрешноста „глава“ која не може да дофрли до мозокот?
Што на ова ќе каже Драган Павловиќ Латас? – Во право е се’ овој малцински Јовановиќ? Ама не очајувај, Латасе, како од топ ќе крикнат груевистите и додадат: Еби му матер, ние сме со тебе!
Доаѓаат избори. Неминовно. На Груевски не му треба ДПМНЕ, јебе се њему за ДПМНЕ; нему му треба Сител. Многу повеќе им треба халуциогено сретство отколу друг човек да ја води нивната партија. Каква лекција ќе извлече Македонија од одвратниот и слабичок статист Драган Павловиќ Латас? Каква лекција ќе извлечат сите статисти од коалиционата груевистичка оркестрирана болумента? Што се, бре, виновни тие кутри „уметници на преживувањето“? Што се виновни сите тие статисти кои најдлабоко во себе допираат само додека се копаат во сопствените носеви.
Тој, кутриот, Драган Павловиќ Латас, сака само своите пари и нешто некретнина да ги сочува додека дојде следната власт?
Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист


