Драгана Мирковиќ ја продолжи турнејата во Италија а еве со кого ја подели сцената!

Драгана Мирковиќ по кратка пауза ја продолжи турнејата „До последен здив“, а овој пат запеа, ни помалку ни повеќе, туку во Италија, пишува 24sedam.rs.

Таа настапи во салата „ЦМП“ во градот Басано дел Грапа. Интересот на публиката беше исклучително голем, а доказ за тоа е фактот што не можеше да се најде билет неколку недели претходно.

Драгана доби овации, а на публиката не и недостигаше енергија.

– Ви благодарам многу. Вашата љубов секогаш ме поддржуваше да продолжам, дури и сега. Вашата Драгана ве сака – и порача пејачката на публиката.

Интересно е и тоа што Драгана овој пат сцената ја сподели со помладиот колега Саша Ковачевиќ, кој не го криеше задоволството што пее со неа.

Инаку, Драгана на почетокот на мај се очекува да одржи два концерта во Арена Загреб, а како што е познато целата нејзина турнеја е од хуманитарен карактер.

Да потсетиме, Драгана пред неколку недели објави дека по повеќе од две децении се разведува од Тони Бијелиќ.

Најчитани вести