Драги мои популарни медиумски лица, драги мои уметници кои творите во прегратка на фашизмот и никогаш не сте изустиле збор за гнасотиите и бедата на нашите животи, за кичот и уништувањето на кутурните богатства – вашата популарност и уметност врз што се базира?! Вие сте минлива мода која нема да остави ништо зад себе, а само сеќавање дека сте биле “успешни” и “популарни” во предсмртно општество. Вие сте само малите крлежи закачени на општествениот леш од кој власта ја исцица главната порција. Јас попрво би умрела одошто да ја чујам денешната фашистичка елита како ми ракоплеска додека ми дава народни крвави пари за да перам мозок. Што ли имате во мозоците и дали воопшто ги имате?!?!
Фејсбук статус на Синоличка Трпкова


