Институтот за јавно здравје регистрира 21 нов случај со КОВИД-19 во последните 24 часа од направени 3358 тестирања. Од нив, 13 се од Скопје, пет од Тетово и по еден од Гостивар, Струмица и Дебар.
Регистрирани сe двајца оздравени од Скопје и нема починати пациенти. Најмногу активни случаи има Скопје (99), а потоа Тетово со 83, Гостивар 15 и Куманово, Охрид и Кичево по 13.
Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во земјава достигна 155 922 од 930 540 тестирања на КОВИД-19.
Оздравени се 150 170, а починати 5487. Вкупно активни случаи има 265.
]]>


